Спасовски: Сега е неважно кој ќе биде технички премиер, важни се проектите


Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатррешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање при денешната посета на македонско-бугарскиот граничен премин „Делчево – Лисичково“.

Тој посочи дека и Министерството за внатрешни работи и Владата ќе продолжат со активностите, што значат реформирање на системот, кои значат градење на систем, подобрувањето на условите за живот на граѓаните.

– Апсолутно сите ние сме насочени кон тој момент. За нас важно е, што ќе направиме до 31 декември, до формирањето на таа техничка влада, колку проекти ќе реализираме, колку граѓаните ќе почувствуваат дека имаат подобрување во начинот на живеење и во начинот на оставрување на своите права – истакна Спасовски.

Во овој момент, не е многу голем интерес на граѓаните кој ќе ја предводи техничката влада за уште сега, како што додаде Спасовски, да се разговара на таа тема. Дополни дека за формирање на техничката влада, постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа влада.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1