Урсула фон дер Лајен ја прими првата доза вакцина


Претседателката на Европската Комисија попладнево преку Твитер информираше дека денеска ја примила првата доза на вакцина против Ковид-19.

-Откако ја надминавме стапката на сто милиони вакцинации во ЕУ, многу сум среќна што ја добив првата доза против Ковид-19 денеска. Вакцинацијата и натаму ќе се забрза затоа што испораките се забрзуваат. Што побргу се вакцинираме толку побргу ќе ја ставиме пандемијата под контрола, напиша фон дер Лајен, но не прецизираше која вакцина ја примила.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1