Врховен одби да го пушти Миле Јанакиески од домашен притвор


Миле Јанакиески останува во домашен притвор за случајот за Шпанските скали. Покрај за него, жалбата е одбиена и за еден од бизнисмените обвинети во овој случај, јавува Плусинфо.

Од одбраната за Плусинфо потврдуваат дека добиле решение за одбивање на барањето за укинување на домашниот притвор со образложение дека во моментот кога одлучувале врховните судии нема решение дека истрагата за случајот е завршена.

Истрагата за случајот со Шпанските скали ја води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и во неа осомничени се единаесет лица меѓу кои и вработени во Министерството за транспорт и врски, во Катастар, нотари и др.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1