Вучиќ со убедлива победа на парламентарните избори


Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ ќе ја зацврсти својата власт во Србија бидејќи е на пат да оствари убедлива победа на денешните парламентарни избори, кои се одржаа среде епидемија на коронавирусот, јавуваат српските медиуми.

Според прелиминарните резултати, СНС освои 63,4% гласови, што ќе ѝ донесе дури 180 пратенички места од можни 250, а далеку на второто место е нејзиниот коалициски партнер Социјалистичка партија со 10,3%. Трета по освоени гласови е партијата на бившиот ватерполист Александар Шапиќ, СПАС, со 3,9% гласови.

Драган Ѓилас, лидерот на движењето Сојуз за Србија, кое го предводеше бојкотот на опозицијата, изјави дека Србија денеска му кажала „не“ на режимот на Вучиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1