Зервос: Не ми е лесно да кажам Северна Македонија


Не ми доаѓа лесно да кажам Северна Македонија, вели новиот градоначалник на Солун, Костантинос Зервос, говорејќи за грчкиот весник „Катимерини“, во однос на тоа кое име го користи за соседната земја и додава дека ја нарекува Скопје или ФИРОМ.

Солунскиот градоначалник вели дека Договорот од Преспа е лош договор и е со комплетно различна позиција во споредба со неговиот претходник Јанис Бутарис за т.н. дипломатија на градовите.

-Градоначалникот на Солун не е ниту министер за надворешни работи, ниту министер за туризам, ниту верувам толку многу во дипломатијата на градовите. Јас, исто така, сум малку почувствителен во патриотските и националните прашања. Сметам дека требаше да ги чуеме историјата и чувството на градот за некои прашања што се однесуваат на нашите односи со нашите северни соседи. Сметам дека Договорот од Преспа беше лош договор, вели Зервас.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1