Татарка од Крим, Џамала, која победи на годинешното издание на Евросонг под знамето на Украина, поради кое се дигна многу прашина, успеа да ја измами цела Европа.
Тензиите околу сомнителната победа се уште не се смирени, а на интернет се појави снимка на која Џамала ја изведува песната „1944“ во мај минатата година.
Песната „1944“ година зборува за советскиот прогон на Татарите од Крим на Сибир по Втората светска војна, и очекувано многумина не беа задоволни со овој исход. Русија негодуваше и оцени дека нејзината победа претставува победа на политиката.
Доколку се испостави дека ова е точно, на Џамала ќе и биде одземена победата, бидејќи правилата на Евровизија, меѓу другото, наложуваат дека песната со која натпреварувачот се претставува не смее да биде објавена пред 1 септември 2015 година.