Баклава од вистинските мајстори во Истанбул


 „Gulluoglu Baklava“, мајстори за баклава од 1800 година се наоѓаат во Каракој во Истанбул. Она што  импресионира е љубовта и пасијата на семејството Гулуоглу кон нивниот продукт и напорот да ја направат секоја баклава незаборавно искуство.

baklava„Слушаш ли како крцка“, ми вели Мурат, кој припаѓа на шестата генерација мајстори за баклава од семејството Гулуоглу, додека со вилушката двои едно парче.

„Звукот всушност е  знак за свежина, знак за најдобрата баклава. Добрата баклава остава небесен вкус во вашата уста, не треба да биде ниту претешка, ниту преслатка, напротив треба да биде доволно „лесна“ да ве примами да изедете цела една чинија“.

Да ги гледате мајсторите за баклава (ustas) во акција е незаборавно. Секој од нив минува 8-10 години во секоја фаза од производството на баклавата се до нејзиното совршенство, приготвување на тестото, негово претворање во тенки кори, подготовка на шербетот, печењето на вистинска температура…

Првото нешто што ве поздравува овде се облаците од брашно кој се издигнуваат во воздухот додека се прават тенките како лист хартија кори. Сите се растегнуваат со рака и со оклагија. Секоја кора е толку тенка што може да читате весник преку неа. Кога ќе достигне дебелина од само 2 милиметри, мајсторите почнуваат да ги редат една по друга на послужавник намачкан со путер.Мајсторите ставаат дваесет слоеви кора (ги попрскуваат со растопен путер по секоја четврта кора), а потоа не штедат од најдобрите фстаци од Газиентеп.

baklava3Овие фстаци се единствениот вид кој се користи овде, а некогаш се ставаат и лешници на 20-тиот слој. Кога ќе се додаде и следната тура од 20 слоеви, мајсторот ја сече прво хоризонтално и става топен путер кој додека се сече баклавата полесно навлегува во секој слој. Потоа се сече вертикално и се додава уште една доза топен путер. Баклавата сега е подготвена да се пече на температура од 165 степени целзиусови.

За тоа време се подготвува шербетот кој се состои од чист шеќер, сок од лимон и вода. Штом ќе се зготви шербетот се полева околу релативно оладената баклава по што таа повторно се става во рерна уште 5 минути.

На крајот баклавата се остава да отстои на ладно место. Финалниот производ е баклава која се топи во уста. Толку е лесна што ќе изедете цела чинија.

За потеклото на баклавата има многу теории, но едно е сугурно, а тоа е дека таа е усовршена во кујните на Топкапи палатата за време на Отоманската Империја и таа била омилен десерт на Султанот. Нејзината важност не е само во тоа што се смета за симбол на богатство и софистицираност туку и поради фактот што се смета за државна традиција.

2011-Grand-Turkey-tour-Baklava-Spice-Market-BlueMosque-Day-3-059Парадата на баклавата која започнала кон крајот на 17 и почетокот на 18 век е пример за таа традиција. Кога војниците ја добивале тримесечната плата од Султанот, им била приготвувана и гозба и на 15-тиот ден од Рамазан ги частеле со баклава. На 15-тиот ден од Рамазан Султанот одел да ја види наметката на пророкот Мухамед која се чува во Топкапи палатата и тогаш јаничарите добивале баклава, по една чинија на 10 војници. Подоцна, оваа традиција прераснала во парада.

Тестирање на баклавата со слух

Кога ќе ставите вилушка во баклавата треба да слушнете крцкав звук. Ова значи дека слоевите се тенки и баклавата е добро испечена. Колку се потенки слоевите, толку е подобра и баклавата.

Тестирање со мирис

Кога ќе ја доближите до устата треба да почувствувате мирис на путер и лешници или фстаци. Добрата баклава треба да има добри состојки.

2011-Grand-Turkey-tour-Baklava-with-OTTПробување

Можете да ја почувствувате добрата баклава во вашата уста. Таа остава небесен вкус и не може да ве заболе стомакот од неа.

Дали сакате да приготвите баклава дома? Ова е мојот рецепт кој можете да го пробате.

Ако вистинската баклава треба да биде лесна и да ве натера да изедете цела чинија мислам дека мојот рецепт го постигнува токму тоа.

Се надевам дека ќе уживате

 http://ozlemsturkishtable.com / balkon3

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1