ДИК запна на приговорите


До ДИК се пристигнати 428 приговори од кои најголемиот број од коалицијата на СДСМ-373,а пет се пристигнати од ВМРО-ДПМНЕ

Расправата запна уште во почетокот, кога членот на ДПА, Бедредин Ибраими, побара приговорите да се одлучуваат по партии (листи на поднесувачи), но заедно по двете основи – за начинот на гласање, како и за сумирањето и утврдувањето на резултатите од гласањето.

dik sednicaТој го нагласи тоа како особено важно, бидејќи ДПА ги оспорува изборите во цела општина Чаир.

„Во општина Чаир е направен класичен фалсификат“, потенцираше Ибраими. Но, на неговиот предлог се спротивстави Субхи Јакупи од ДУИ, кој побара да се одлучува поединечно поднесок по поднесок.

Предлогот на Ибраими не помина, а по паузата тој излезе со нов предлог приговорите на ДПА да бидат разгледани последни.

Следната препрека за членовите на ДИК беше што треба да се бара од општинските изборни комисии, бидејќи имаше три различни предлози. Претседателот на ДИК од редовите на СДСМ, Борис Кондарко, побара општинските изборни комисии да ги донесат оригиналните записници, избирачките списоци и гласачките ливчиња за оние општини каде што има приговори, заради „рационалност и да се добие во време“. Ибраими од ДПА, пак, предложи покрај записниците, да се донесат и избирачките списоци за да се направи увид, а Јакупи од ДУИ, пак, бараше тоа да бидат само оригиналните записници на општинските изборни единици и на избирачките места. Со четири гласа за (три на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ), еден против (ДПА) и два воздржани (СДСМ), највисокото изборни тело одлучи да се бараат само записниците.

Повеќе на – Утрински 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1