Жолто златно поле на кое ќе има разгневен црвен лав ќе биде новиот државен грб на Македонија.
Владата на Република Македонија на владина седница го усвои нацрт- законот за државен грб, по што ќе следи јавна расправа. Со новиот државен грб се очекува да се постигне поголема обединетост на граѓаните заради елементите кои ги содржи.
Новиот грб ќе има црвен разгневен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел. Според образложението, причините за тоа се враќање кон историските вредности.
За да се промени симболот потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и бадентерово мнозинство, за кое се вели дека веќе е договорено меѓу коалициските партнери.