Цивил: Полицијата со возила на специјалните единици во Струга


Набљудувачи на невладината Цивил и граѓани на Струга јавуваат за видливо присуство на полицијата со возила на специјалните единици во градот.

kutii izboriВо општина Струга денеска се прегласува на девет избирачки места.  Се гласа на избирачките места 1.852 во Управната зграда на ХЕЦ „Глобочица“, 1.857 во Управната зграда на Медицинскиот центар, 1.860 во Општинската зграда, 1.877 во основното училиште во село Радолишта, 1.883 и 1.884 во основното училиште во село Октиси, 1.904 во основното училиште во село Бороец и во 1.910 и 1.911 во основното училиште во село Подгорци. Во деветте избирачки места во Струга право на глас имаат 7.885 граѓани.

Вчера гласаа болните и изнемоштени лица. Нивниот број, според претседателот на Општинската изборна комисија во Струга  Џенгис Хани е 26 лица.

Инаку, Зијадин Села, кандидатот за градоначалник од ДПА, поддржан и од ДУИ на вториот круг од локалните избори освои 20.770 гласови, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владо Кочоски имаше 15.276 гласа.

Претседателот на струшката Општинска изборна комисија Џенгис Хани за Супер радио потврди дека сите гласачки места биле навреме отворени точно во 07:00 часот.

Супер радио

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1