Убиство во Скопје – Убиен матурант во Ѓорче Петров


ubistvo fУбиено е помладо момче во скопската населба Ѓорче Петров, во близина на очната клиника.

Засега се знае само тоа дека во убиството учествувале двајца напаѓачи.

Од полицијата го потврдија убиството и информираат дека увидот е се уште во тек и повеќе детали најавуваат бза подоцна.

Според првичните информации на “Нова Македонија” убиен е А.П.
Матурантот бил избоден со нож од негов другар, велат очевидци на настанот. Оние кои го знаат идентитетот на убиеното момче велат дека пред два дена прославил матура. Мотивите се уште не се познати. Во моментов околината околу убиството е блокирана од полицијата.

Пристигна и мајката на убиениот матурант, која седи крај неговото тело и плаче.

На местото се собираат и средношколци, најверојатно соученици на убиениот.

Се уште нема официјални информации за настанот.

Наскоро со повеќе детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1