Во Владата било пукано од Скопско Кале


Се уште нема никакви официјални информации за тоа кој и зошто синоќа околу 22 часот пукал со куршуми со поголем калибар во зградата на Владата. Вообичаено во вторник навечер Владата ја одржува редовната седница, но овојпат, поради службениот пат на премиерот Никола Груевски во Белгија, седницата е одложена .l1-1728x800_c

Од владината служба за информирање велат дека во времето на пукањето во зградата не бил присутен ниту еден минситер.

Кој и зошто пукал во седиштето на Владата, засега е нејасно. Се уште трае вештачењето, а засега само се претпоставува дека проектилите би можело да бидат испукани од рачен фрлач „зоља“. Најверојатно било пукано од другата страна на реката Вардар, под Калето.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1