Јакимовси:Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат


Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска на социјалната мрежа Фејзбук, кажа дека конечно сфатил зошто општината Карпош била толку нечиста,
Утрово бев во вонредна контрола на службата задолжена за чистење на улиците и одржување на хигиената на општината. Од тоа што го затекнав на терен ми стана јасно зошто Карпош беше толку нечист и запуштен во овие изминати четири години.

„Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат. Нема да дозволам општинската администрација да се однесува неодговорно кон работата и кон своите сограѓани“, пишува Јакимовски на Фејзбук.

Како што напиша, завршило времето на неработење во Карпош.

„Заврши времето на неработење во Општината.
Во моментов во Карпош задолжени за хигиената се 118 вработени, а Карпош никогаш не бил понечист.
Во предизборната кампања ветив дека Карпош повторно ќе го врати својот сјај и имам намера да го исполнам тоа.
Карпош повторно ќе биде чист, улиците повторно ќе бидат уредни и средени“ – напиша градоначалникот Јакимовски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1