Адвокатите на Катица Јанева во понеделник го добиле обвинението за нивната клиентка и сега подготвуваат приговор.
„Спремаме приговор на обвинението и жалба против решението за продолжување на притворот”, вели адвокатката Ирена Фрчковска за А1.он.
За продолжениот притвор на Јанева треба да одлучи совет од тројца судии во второстепениот суд, а за „А1он“ велат дека сè уште не донеле одлука за жалбата на Јанева.
Рокот за приговори на обвинението е осум дена од приемот на обвинителниот акт. Некои од предложените вештачења наведени во обвинението сè уште не биле завршени.
Дејствијата на Јанева биле опишани на пет страници, а во обвинението се наведени листа на сведоци и докази како и вештачења кои ќе бидат изведени на судењето.
Јанева е третообвинетата во случајот Рекет.