Јанева на распит со адвокат кој е бранител во предметот „Империја“!?


Малку е чудно што на денешниот распит во Апелациониот суд, во одделението за гонење на криминал и висока корупција, Катица Јанева влезе во придружба со адвокатот Стеван Павлевски, јавува репортерот на ТВ21.

Инаку Павлевски е адвокат на еден од осомничените во случајот „Империја“ Цветан Панделески, кој пак е случај на СЈО во надлежност токму на Јанева. Тоа би значело дека Јанева ја брани адвокат кој што е бранител на еден од осомничените во предмет кој таа го води.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1