Јанушев: Народот се определи за обнова


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во првото јавување по затворање на гласачките места рече дека на изборите ќе се случи победа на народот над власта објавувајќи дека ВМРО во многу избирачки места се во предност пред владејачката СДСМ.

„Победуваме во Македонија, победуваме насекаде. Од досега обработени 20% од избирачките места ВМРО-ДПМНЕ има предност од над 10.000 гласови“, рече Јанушев.

Јанушев додаде дека биле забалежани случаи на манипулации и поткуп на гласачи, како и агитирање за време на изборниот молк.

„Сите овие нерегуларности извршени од страна на власта, се процесуирани до надлежните институции и до меѓународната мисија на ОБСЕ и ОДИХР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1