Зоран Заев има милион причини за нелагодност. Ништо ама апсолутно ништо нема да биде во ред се додека Заев и октоподот владеат во Македонија. Со Заев и октоподот на СДСМ правдата е мисловна именка. Се додека Јанева е на слобода, а не во притвор и додека Русковска обвинителството ги крие вистинските организатори од врвот на власта, граѓаните ќе бидат ограбувани, а рекетарите ќе се шетаат со Луј Витон торби полни со милиони евра, вели денеска Генаралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој вели декаЈанева може да се заканува колку што сака, но дека сите слушнале како таа лично ветува дека се она што Боки 13 го зборува се остварува. Јанева лично дава ветување за прекинување на истраги.
Снимките кои излегоа во медиумите се доволна причина Јанева наместо на плажа да биде во притвор. Дополнително обвинителката Стефанова, денеска во изјава за медиуми потврди дека и било наложено токму од Јанева да ги затвори предметите, за осомничените да не одат во затвор.
По ваквите снимки и изјави, потребно е итна акција од страна на ЈО, но и одговорност за досегашното неделување и потенцијално прикривање.
Русковска со своето неделување и овозможи на Јанева период за прикривање и уништување на докази. Русковска мора да одговара за пропустите во истрагата. Вилма Русковска нема кредибилитет да го овој води случај. Потребно е случајот „Рекет“ да биде преземен од друг кредибилен Јавен обвинител и да биде проширена истрагата. Веднаш да се определи мерка притвор за Јанева и да се испита колку се предмети на СЈО биле користени за рекетирање.
Рекет од вакви размери не може да се случи без знаење на врвот од власта. Зоран Заев мора да понесе одговорност. Власта треба да одговори и каква е замешаноста на Радмила Шекеринска која се споменува во видеото и дали таа знаеле или можеби и учествувала во милионскиот рекет.
Се наметнува и прашањето дали и други лица од власта биле во релација со Боки 13 и која била нивната улога?
Одговорност мора да има. Сите ќе одговараат! Сите кои се огрешиле пред законите ќе одговараат, и извршители, и нарачатели, и оние кои ги штитат!
Одговорност ќе има и тоа безкомпромисно, неселективно!
Зоран Заев и владата мора да дадат оставка. Заев не смее да остане премиер, со него на чело на државата ниту правда ќе има, ниту правна разрешница. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори.