Јовески: Ќе бидат сослушани или испитани и Катица Јанева и Лиле Стефанова


Јавниот обвинител Љубомир Јовески, за А1он изјави дека сите инволвирани лица во конкретниот случај „Рекет”, ќе бидат сослушани и испитани во истражната постапка.

„Не постапуваме селективно и никој нема да се спаси од кривична одговорност доколку сторил кривично дело. Нагласувам дека во конкретниот случај се работи исклучиво за криминално дело”, вели Јовески.
Во тек е истражната постапка за овој случај и истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да се обезбедат доказите и за да се уврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот, вели Јовески.

Тој истакна дека инволвираните во „Рекет” ќе бидат сослушани или испитани, вклучувајќи ја и Катица Јанева и Лиле Стефанова, а по целосно завршување на истрагата, согласно законот ќе се донесе јавнообвинителска одлука.

Обвинителството, вели, покрај другите докази, за конктетниот случај располага со аудио и видео снимени содржини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1