Победа, победа, победа… ја започна прес конференцијата генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски .
-На околу 75 отсто обработени податоци од денешниот кристално чист изборен ден јасни се две работи – победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро. ВМРО-ДПМНЕ и скапата Бела палата ќе треба да си бараат ново раководство. Коалицијата „Можеме“ во овој момент води со два мандати. Трендот е растечки и ги добиваме новите два мандати, изјави Николовски. Имам чест, додаде тој да прогласам победа на СДСМ и на коалицијата.
-Имаме сигурна убедлива победа во Битола, во Куманово, во Центар, во Крива Паланка, Ресен, Крушево, Долнени, Лозово во сите изборни единици каде граѓаните јасно ни дадоа поддршка. Солидна предност имаме и во Прилеп и во Берово, победа во Делчево, победа во Кочани и да не ги редиме останатите општини, рече Николовски.
-Ова покажува дека нашите политики и нашиот одговорен, сериозен и чесен пристап се препознати и вреднувани од граѓаните. Граѓаните сакаат сигурност и го казнија ВМРО-ДПМНЕ зошто сакаше да доведе опасност, рече Николовски.