Талат Џафери, претседателот на Собранието, денеска е примен на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, јавува „360 степени“.
Информацијата за „360 степени“ ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ.
На тестирањето е негативен, велат од ДУИ.
И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Талат Џафери бил негативен на тестот за Ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.
Талат Џафери на 21 јули (во вторникот) за „Плусинфо“ изјави дека се тестирал за Ковид-19 и дека тестот му е негативен. Најави дека ако треба ќе направи уште еден тест, пред одржувањето на конститутивната седница на Собранието.