Џордан: Шокиран сум, немам зборови…Коби Брајант ми беше како помал брат


Мајкл Џордан испрати сочуство до семејството Брајант по трагичната смрт на Коби, поранешниот кошаркар на Чикаго вели дека е во шок и нема зборови да ја опише болката која ја чувствува.Преку соопштение до јавноста по трагичната несреќа во која загина Коби Брајант својот шок и неверување го искажа уште една светска кошаркарска легенда, Мајкл Џордан.

  • Шокиран сум од трагичната вест за смрта на Коби и неговата ќерка Џијана. Неможам со зборови да ја опишам болката која ја чуствувам. Го доживував како помлад брат а долгите разговори со него, вечно ќе ми фалат. Беше вистински борец, еден од најголемите во кошаркарската игра и вистинска креативна сила. Брајант исто така беше и фантастичен татко кој премногу ја сакаше фамилијата, стои во соопштението на Мајкл Џордан.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1