10 год девојче преку фејс го спаси животот на нејзиниот татко (Видео)


Малата Бријана Венс (10), му го спасила животот на својот татко Грегорио, кога останал повреден под паднато дрво, а немало телефонски сигнал во Западна Вирџинија

devojce go spasilo tatko iБријана сега сите ја нарекуваат херој. Во текот на стравичната бура која се случила на десетти јуни, гром удрил во дрво пред нејзиниот дом. Дрвото паднало врз нејзиниот татко, додека седел со двајца пријатели кои исто така биле заробени.Девојчето се сетило како да ги спаси иако немало телефон. Поставила свое видео на Фејсбук.

-Гром сруши дрво во нашиот двор и мојот татко е речиси мртов. Ми треба амбулантно возило, ве молам. Ве молам јавете им се ако имате сигнал. Живееме во жолта куќа. Ве молам. Ни треба итна помош. Ве молам. Ве молам, рекла Бријана во видеото.

Наскоро пристигнала брзата помош и Грегори бил однесен во болница. Имал скршеници на градната коска и на ребрата.

Неговите пријатели исто така биле хоспитализирани.

-Девојчето е вистински херој, се надевам дека ќе и биде дадено признание за хероизам, истакна Тим гренгер од локалната пожарникарска служба.

За Бријана, поставувањето на видео на Фејсбук, било единствената надеж.

-Бев исплашена. Ми требаше помош. На мојот татко му требаше помош, така што морав да го поставам видеото, раскажува таа.

-Да беше Бријана крај мене малку подолго и таа ќе беше повредена. Болката од загубата на дете не би можел да ја поднесам, но оваа болка можам, рече нејзиниот татко.

Тој во саботата беше пуштен од болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1