10 годишно дете само управувало автомобил, сакало да оди во супермаркет


Момче кое имало 10 години управувало со својот автомобил цели 15 километри пред да удри во грмушка. Полицијата го забележало возилото кое возело 100 километри на час и ја пречекорило брзината која е дозволена во градот Фосторија, Охајо, па поради тоа полицијата тргнала во потера по возилото.car-1-640x361

Кога момчето удрило во грмушката и кога полицајците пришле на возилото забележале дека возачот бил всушност 10 годишно дете кое им кажало на полицајците дека тргнало во супермаркет за да испазари нешто.

Против родителите не било покренато обвинение но детето ќе мора да оди во советувалиште.

Од полицијата апелираат дека ова нека биде потсетник за сите родители дека треба да ги кријат клучевите од автомобилите од своите деца за да не се случи уште еден ваков инцидент.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1