Во три града во полициска акција синоќа се уапсени 10-тина лица, добро организирана група хакери, која креирала лажни веб страници идентични со оригиналните преку кои може да се купува и преку т.н. фишинг крадела лични податоци од граѓаните.
На тој начин, потврдуваат од полицијата, хакерите успеале да извлечат 100-тина илјади евра и 100-тина илјади американски долари.
Измамените мислеле дека купуваат производи од вистинските сајтови и им ги давале своите броеви од кредитните картички, а криминалците потоа извлекувале пари на најразлични начини.
Групата работела подолг период, а станува збор за добро подготвени луѓе кои перфектно ја работеле својата работа.
Уапсените се на возраст од околу 30 години и се од Скопје, Прилеп и Штип.
Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.