10 лица починаа од треската западен нил во Србија


320386_komarci-01-ifas.ufl.edu_fВо Србија од треската Западен Нил починаа десет лица, а уште 82 пациенти се регистрирани со симптоми на болеста, соопштија српските здравтсвени власти.

Од вкупниот број на заболени, 56 имаат клиничка слика на менингитис, енцефалитис или менингоенцефалитис.

Поголемиот број на пациенти се од територијата на Белград. Починатите луѓе биле постари од 50 години и хронични пациенти.

Треската Западен Нил е сезонско заболување, воглавно во лето, кога има најмногу комарци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1