10 милијарди луѓе, помалку нафта и недоволно храна – ова го чека светот до 2100


Што ќе се случи во 2100 година?! ОН објавија мрачна проекција за светот во 2100 година во која се вели дека животот тогаш ќе биде многу тежок, ќе има десет милијарди луѓе, помалку нафта и недоволно храна.

Иако денес сме „само“ седум милијарди, многу луѓе живеат во сиромаштија, нема доволно храна, недостасуваат ресурси се зголемува урбанизацијата и се повеќе се чувствуваат климатските промени.

До 2100 година дури 80 отсто од населението ќе живее во градовите, а ќе има околу 10 милијарди луѓе. Ќе исчезнат многу градови, а оние со над 20 милиони жители ќе бидат се почести. Најверојатни мега-градови ќе бидат Пекинг, Њу Делхи, Џакарта, Сао Паоло и други, објави „Бизнис инсајдер“.

Додека во 2010 година само 7,6 отсто од населението во светот било постаро од 65 години, во 2100 таа цифра ќе биде 22,3 отсто, со што ќе се зголемат проблемите кои младите ќе ги имаат во издржувањето на старата популација.

Бројот на жителите најмногу ќе се зголеми во државите во развој, а особено во Африка. Од милијарда луѓе пред две години населението на тој континент ќе се зголеми на 3,6 милијарди во 2100 година. Другите региони поспоро ќе растат во бројност на население. Во САД бројот на населението ќе се зголеми од 318 милиони на 408 милиони.

Тоа ќе значи промена во геополитиката бидејќи на секој Европеец ќе бидат пет жители од Суб-сахарска Африка.Очекуваниот животен век во 2100 ќе биде 81 година, додека денес е 68 години.Поради растот на глобалните температури, жителите на Земјата ќе се соочат со недостиг од храна. Во овој момент има 925 милиони гладни луѓе во светот.

Количината на јаглерод-диоксид до крајот на векот ќе биде ниво од 560 честички на милиони честички што ќе предизвика исчезнување на 9.000 корални гребени во светот.

Користењето на нафтата, природниот гас и јагленот, до крајот на векот ќе биде речиси нула. Според проценките, користењето на нафта по 2040 година ќе опаѓа за пет осто годишно, а се очекува гасот да исчезне уште побрзо. Користењето на хидроенергија и обновлива енергија на ветрот и Сонцето постојано ќе расте и ќе стане примарен извор до 2100 година.

Големата подвижност на талентираните луѓе ќе значи помала хомогеност во државите како што се Кина и Јапонија. Во глобализираниот свет се повеќе луѓе ќе ги бараат своите можности во странство.

ОН во извештајот предвидува уште две можни сценарија – дека на Земјата во 2100 година ќе има 15,8 милијарди жители или 6,2 милијарди. Светот се уште би можел да функционира со 6,2 милијарди луѓе, но 15,8 милијарди би било опасно за планетата и би морале да се преземат драстични мерки за контрола на раст на населението.

Mia

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1