1. Смрт од гушкање на рефлексија од месечината
Кинескиот поет Ли По (701 – 706) бил еден од двата најголеми поенти во кинеската литература. Тој бил познат по тоа што сакал да го види дното на чашата, и најголемите негови поеми се напишани додека бил пијан. Една ноќ Ли По паднал од својот брод и се удавил обидувајќи се да го гушне одразот на месечината во водата.
2. Смрт поради брада
Австралијнецот Хенс Стенингер бил познат по тоа што имал најголема брада (дури еден ипол метр долга) и уште попознат откако умрел поради брадата. Еден ден во 1567 година имало голем пожар во градот па тој потрчал да помогне но бидејќи заборавил да ја врзе брадата, згазнал на неа и паднал од скали поради што го скршил вратот и починал.
3. Смрт од десерт
Шведскиот крал Адолф Фредрик обожавал да јаде и умрел од тоа. Во шведска децата во училиштата учат за него како „Кралот кој се јадел себе си до смрт“. Тој умрел во 1771 година на 61-годишна возраст од дигестивен проблем откако изел премногу храна и плус 14 од неговите омилени десерти.
4. Смрт од повреда на стапалото
Им нешто поучно во оваа приказна. Познатиот производител на алкохол, од американската држава Тенеси, Џек Дениел еден ден отишол порано на работа, тоа утро во 1911 година тој се обидел да го отвори својот сеф но не можел да се сети на комбинацијата.
Во лутина го удрил сефот со нога и го повредил стапалото на кое подоцна се развила инфекција поради што и умрел. Што би научиле од ова? – Не одете на работа порано! 🙂
5. Смрт од отров, огнено оружје, тепање со палка и давење во вода.
Рускиот мистик Григори Распутин (1869 – 1916) бил првот човек кој е труен со доволно цијанид за да се отрујат 10 луѓе, но сепак тој преживеал, подоцна бил ранет од револвер во грб, но пак преживеал, после некое време бил ранет уште три пати, но тој пак бил жив. На крај го натепале со палка и го фрлиле во замрзнатата река Нева.
9. Смрт од лушпа од портокал
Бади Лејч не се плашел да се соочи со смртта, тој се соочувал со неа мнгоу често. Во 1911 година тој бил вториот човек во светот кој ги поминал водопадите на Нијагара со во цилиндречен сад. Тој во својот живот извел многу други смртни подвизи, а сепак неговата смрт била доста иронична.
Шетајќи низ улиците на Нов Зеланд, Лејч се лизнал на кора од портокал, ја скршил својата нога која потоа морале да му ја ампутираат, а подоцна умрел од компликации кои се јавиле подоцна.
Американскиот драматург Тенеси Вилијамс умрел во 1983 година откако се задавил од чашка на столче во својата хотелска соба. Чуден начин да умре човек, но ништо чудно за пијани луѓе.
10. Смрт од кактус
Ова е најверојатно единствената забележата одмазда на кактус от која завршува со човечка смрт. Во 1982 година 27-годишниот Дејвид Крандмен и својот цимер одлучиле да уловат некој кактус со тоа што пукле во кактуси со ловџиска пушка. Кога наишле на еден огромен кактус од видот Сагуаро, кој бил 7 метри висок и најверојатно сто години стар, Дејвид пукал во него и едно поголемо делче го погодило него по што тој искрварил до смрт.
„Мајката на модерниот танц“, Исидора Данкен била убиена во 1927 година од нејзината омилена свилена марама која често ја носела.
На 15 септември 1927 година Њујорк Тајмс пишува дека Исидора била влечена од автомобил неколку метри бидејќи и` се закачила марамата, а автомобилот се движел со полна брзина.
Таа умрела инстантно и брзата помош која дошла подоцна не можела ништо да стори.
8. Смрт од удар со стомак
Британскиот борач Мел „Кинг Конг“ Кирк умрел од удар со стомак од страна на Ширли „Биг Деди“ Крабтри. Во Август 1987 година за време на финалните моменти од Мечот, Крабтри го извел својот познат потег – рипање со стомак врз противникот, а Крик поради тоа добил срцев удар и умрел.