100.000 евра ќе даде министерство за финансии за фотелји, шанк столици, мебел


Речиси 100.000 евра планира да потроши Министерството за финансии за набавка на мебел.

kancelarija-danube-business-center_4

На страницата на Бирото за јавни набавки стои дека Финансии има потреба од набавка, испорака и монтажа на столици и тоа: работни столици, столици за сали за состаноци, столици за училници, столици за во сали за прес конференција, столици за конференциска сала, клуб фотелји и шанк столици.

Освен ова во огласот се бара и монтажа на архивски и магацински полици.

Финансии услугата ја процениле на 6.000.000 милиони денари без ДДВ или приближно 100.000 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1