100 деца со бронхитис и со пневмонија – не изнесувајте ги надвор советуваат лекарите


Лекарите наведуваат дека во пораст се инфекциите на горни и на долни дишни патишта – а по честотата, водат воспалението на белите дробови и бронхитисот.

bolnica– Зголемен е бројот на децата заболени од пневмонија и од бронхитис, особено последниве денови. Вчера, на пример, имавме 100 приеми на деца, кои моравме да ги згрижиме и тоа од доенчиња до деца на предучилишна возраст. Има влажна маса во воздухот, вирусите на грипот се присутни, а студеното време и аерозагадувањето ја влошуваат здравствената состојба кај најмладите – појаснува за Дневник д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот.

Децата никако надвор

Доктор Зафировски ги советува родителите да не ги изложуваат децата на ниските надворешни температури, освен ако нема голема причина за тоа.

– Децата треба да пијат повеќе течности, чаеви и природни сокови и да јадат разновидна храна, особено свежо овошје и зеленчук, за да им се зголеми имунитетот. Добро е што сега е и зимскиот распуст, инаку многу повеќе ќе се проширеа вирусните инфекции. Но голем проблем е што во градинките често одат и болни деца, кои инфекцијата им ја пренесуваат и на здравите, па апелираме овие предучилишни установи да примаат само здрави деца, никако болни – и само едно дете да е заразено, ќе ја прошири инфекцијата на други преку кашлање и кивање. А децата што прележале воспаление на белите дробови најдобро е во зима да не одат воопшто во градинка, зашто многу полесно може да се разболат – нагласува д-р Зафировски.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1