Прилепчанецот Јордан Настески кој минатиот четврток напладне незадоволен од блокирањето на неговата пензија легна насред улица сакајќи да биде прегазен доби пријава од полицијата.
Настески добил пријава од полицијата за нарушување на јавниот ред и мир. Од невладината ОДРАЗ сметаат дека Настески воопшто не го нарушил законот туку го искористил своето граѓанско право на револт на било кое место од државата, а полицијата наместо да го казни требало да го обезбедува.
Претседателот на ОДРАЗ Влатко Ристески најави дека правно и финансиски ќе му помогнат на 72-годишниот жител на прилепското село Галичани.
– Во соравботка со нашите донатори испланиравме да се плати казната, која иако не ја признаваме, ако се плати во рок од 8 дена би била 50 евра, а ќе ми обезбедиме пари и за пензија на Јордан за да може тоа семејство да преживее овој емсец. Но сакам да упатам апел до властите дека некој Ве изгласал и треба да водите грижа за граѓаните во Република Македонија.
СВР Битола објасни дека и покрај предупредувањата Настески продолжил да вика и дрско да се однесува, а СВР Битола поради наруушување на Законот за јавен ред и мир му издала платен налог по член 4 кој предвидува казна од 100 до 400 евра, а на платниот налог на Крстески била напишана минималната казна од 100 евра.
Настески објаснува дека од УЈП му реле дека пензијата му ја блокирале за неплатен данок за предаден тутун во износ од 5.000 денари а молел да му се одблокира затоа што 7-членото негово семејство егзистирало од неговата пензија. Тој уште еднаш ја раскажа неговата приказна за како што вели страдањата во егзистенцијата на неговите најбвлиски, а зборуваше и за третманот во полицијата по неговото приведување