100 год Букурешки договор – Проклетството на палатата во која е поделена Македонија


Таа палата веќе не постои. Урната е во 1946 година откако беше тешко оштетена две години порано во текот на бомбардирањата во Втората светска војна. А беше една од најубавите згради во Букурешт кога беше завршена во 1901 г., токму онаква за да го одрази духот на нејзиниот градител, принцот Григорие Стурдѕа, кој беше многу богат, многу го сакаше животот.

palata bukureski dogovor

Локацијата сега е празна, а во непосредна близина е зградата на романската влада. Ваков одговор, во пресрет на утрешната 100-годишнина од потпишувањето, Дневник доби во Букурешт во обидот да дознае во кој објект во романската престолнина бил заверен познатиот Букурешки договор, со кој силите-победнички во Втората балканска војна ја распарчиле дотогашната територија на Отоманската Империја во Европа, која во најголем дел беше населена со македонскиот народ.

Меѓу жителите на романската престолнина оваа палата е позната како „Палата Стурдѕа“ по името на нејзиниот нарачател и градител Григорие Стурдѕа, молдавски принц и романски политичар и чие богатство и односот кон животот им се добро познати на жителите на престолнината и пошироко. Потврда за ова весникот доби од Националниот музеј на романската историја, чиј музејски куратор Лаура Лаптои која за Дневник ја раскажа и приказната за богатиот принц кој, за жал, не дочекал да живее во преубавата палата што решил да ја подигне.

– Зградата за која се интересирате е „Палата Стурдѕа“, која се наоѓаше на скверот „Викторија“ во Букурешт. Таа беше конструирана меѓу 1897 и 1901 година за нејзиниот сопственик Григорие Стурдѕа. За жал, истата година кога зградата била завршена, починал и нејзиниот сопственик. Неговото семејство потоа решило да ~ ја продаде палатата на романската држава и таа станала седиште на министерството за надворешни работи. Таму беше потпишан и договорот во 1913 година -објасни кураторката Лаура Лаптои, создавајќи ни на тој начин впечаток за своевидното проклетство на оваа палата чиј сопственик починал без да ужива во неа, во која е поделена Македонија, која била разурната во војната неколку децении потоа и од која романските комунистички власти не оставиле ниту камен. принцот, за кого стана познато во јавноста дека е чувствителен на женски шарм, зад себе има три брака и безброј врски со разни жени. Но и покрај толку бракови, тој на крајот немаше легитимен машки потомок. Единствениот син што му се роди во поодминати години беше вонбрачен, а многу од децата со тогашните сопруги му починаа во најрана возраст.

Не е познато во која точно просторија се извршувало потпишувањето на мировниот договор. Познато е само дека на приземјето принцот предвидел простор за приеми, салони за гости, трпезарија и турска одаја. Салони имало и на горниот кат. Сепак, од малкуте оригинални фотографии од самиот тек на преговорите се гледа дека салата им дала комфор на многуте преговарачи додека со ножици ја сечеле картата на етничка Македонија.

– Сега на местото на палатата нема ништо, а објектот „Викторија палас“, кој се изгради во периодот од 1937 до 1944 година и беше веднаш до неа, стана седиште на романскиот премиер. Палатата остана во сеќавањата на градот како една од најубавите и најраскошни згради – објаснува Лаптои.

Dnevnik 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1