100 години од атентатот што ја почна Првата светска војна – објавени ретки ФОТОГРАФИИ


Босна и Херцеговина ја одбележува денеска 100 – годишнината од атентатот на престолонаследникот на австроунгарското царство, Франц Фердинанд во Сараево, чинот кој според историчарите, ја предизвика Првата светска војна. Франц Фердинад беше убиен од Гаврило Принцип, член на организацијата „Млада Босна“, по што еден месец подоцна Австроунгарија и` објави војна на Србија и почна првото големо крвопролевање во Европа во 20. век. По тој повод, во Сараево денеска се одржуваат повеќе спортски и културни настани. Голем број граѓани се сликаа и со репликата на автомобилот во кој 1914 година биле убиени Фердинанд и неговата сопруга Софија.

Par7918608_677266S0-564x387-Треба да ја пренесеме пораката дека овој атентат предизвикал голема војна, во која животите ги загубиле милиони луѓе и затоа убиството не е решение, треба да разговараме заедно и да соработуваме, треба да живееме во мир, тоа треба да го научиме од тој период, вели Роланд Емер, австриски мировен активист.

Сиромашните луѓе ја платија цената, 15 милиони војници и 3 милиони цивили, 18 милиони луѓе. една секунда молчење за секој од нив, тоа се повеќе од 2 години. Практично, невини луѓе страдаа. Почеток на една катастрофа, вели Давуд Бајрамовиќ, жител на Сараево.

Архивските институции на Босна и Херцеговина и Хрватскиот државен архив во оваа пригода пред јавноста изложија и ретко видени документи и фотографии за атентатот и неговите последици, а историчари и публицисти од регионот и странство добија можност да го изнесат своето видување за на станите од 29 јуни 1914 година.

Еве што се случувало

Par7918600_677273S0-564x351Обезбедување речиси и да немало. Во тој миг во Сараево имало само 200 полициски службеници, кои повеќе од сигурно не биле обучени за реакции во ургентни ситуации од таков тип

Исто така, луѓето одговорни за посетата на Фердинанд одлучиле дека е добра идеја да ја објават рутата на поворката однапред

Според историските сознанија, тој ден во толпата имало седуммина атентатори, вооружени со пиштоли и бомби. Повеќето од нив и стоеле еден до другЕдинствено Недељко Чабриновиќ малку се издвојувал.

saraevo-03

Тој со себе носел бомба, која во еден миг ја фрлил кон поворката. Но, промашил. Бомбата експлодирала зад возилото на војводата, повредувајќи еден од официјалните придружници на високите гости.

Франц Фердинанд му наредил на возачот да застане. Излегол и се вратил на местото каде што експлодирала бомбата за самиот да види колкава штета е направена и да види дали некој е повреден. Гледано од денешен аспект, таков потег е незамислив. Доколку денес се случи да експлодира бомба близу претседателска поворка, веднаш сите возила, а особено тоа во кое е претседателот, ќе заминат од местото со голема брзина.

saraevo-07

Во меѓувреме Чабриновиќ, кој ја фрлил бомбата, проголтал отров и скокнал во реката во близина. Во тоа време реката била длабока само 15-ина сантиметри, а од работ на плочникот до водената површина имало околу четири метри. Чабриновиќ, секако, не се удавил, туку потешко се повредил од падот и не можел да се движи.

Освен тоа и отровот не бил добар, па планот да си го одземе животот со труење не му успеал. Единствено малку повраќал.

OLYMPUS DIGITAL CAMERAВојводата Фердинанд, налутен од тоа што се случувало тој ден, фуриозно влегол во Градската куќа.

– Каков пречек е ова. Дочекан сум со бомби – извикал војводата, по што го одмотал својот однапред приготвен говор и им се обратил на насобраните.Штом го завршил говорот, се вратил во возилото со својата сопруга Софија. Штом тргнала поворката, решиле да свратат до болницата за да ги посетат повредените од бомбашкиот напад.

Но, никој не му кажал на возачот за нивните намери. На судбинската крстосница, автомобилот требало да продолжи право – но шоферот, следејќи го утврдениот план, свртел десно.

Генералот во поворката викнал: – Возиш во погрешна насока! Тоа довело до конфузија кај возачот, кој во истиот миг запрел – токму пред атентаторот број седум, Гаврило Принцип.

Par7918607_677267S0-564x357

Местото каде што е извршен атентатот обележано со крст

gavrilo_principПринцип претходно имал и друга шанса да го застрела војводата, но ја пропуштил. Затоа застанал на аголот и чекал. Автомобилот со војводата, во мигот на конфузијата на возачот, запрел на само еден метар од Принцип.

Тоа воедно бил и единствениот миг кога автомобилот застанал додека се движел низ улиците на Сараево.

Принцип излегол напред и истрелал двапати. Еден истрел во Софија, еден во надвојводата. Двата истрела биле фатални.

pozorovatelferdinand-561x320

Пред да починат, Фердинанд се наведнал кон Софија: „Остани жива, Софи, во името на децата“.

Телата на надвојводата Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија во вилата „Конак“ во Сараево, каде чекаат транспорт за Виена

Par7918603_677271S0-564x346

Дел од заговорниците за атентатот биле егзекутирани, а дел починале во затвор. Речиси сите се закопани во близина на Стариот град на Сараево.

Првата светска војна во четири и пол години натера милиони мажи и жени на присилна работа и одзеде повеќе од 37 милиони жртви.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1