Група од 11 терористи блиски до Ал Каеда се приведени и се испитуваат дали стојат зад исчезнувањето на Малезија ерлајнс лет MH370.
Осомничените беа уапсени во главниот град Куала Лумпур минатата недела и се членови на насилна нова терористичка група кои планирале бомбашки напади во муслиманските земји.
Испрашувањата ги воделе и меѓународни инспектори, вклучувајќи го и ФБИ и МИ6, пишува Дејли Маил
Во меѓувреме властите признаа дека авионот превезувал речиси 2 тони товар за кој никој не знае што е .
Според директорот на Малезија Ерлајнс Ахмад Јахји, во авионот имало нешто повеќе од четири и пол тони егзотично овошје, како и пратка литиумски батерии со вкупна маса од 200 килограми, која се наоѓала во посебен дел од контењерот.
Неговите тврдења, кои ги изнесе уште кон крајот на март на една прес-конференција, не се слагаат со сега објавениот манифест, во кој ниту една пратка не тежи 200 кг.
Во манифестот пишува дека компанијата NNR Global на леталото ставила 133 идентични предмети со вкупна маса од 1.99 тони и уште 67 предмети со маса од 463 килограми, што дава вкупна маса од 2.4 тона, или 2.2 тона повеќе од она што го спомена Јахја. Притоа не се наведува за какви предмети станува збор, но јасно е дека бројките не се поклопуваат со податокот кој го изнесе шефот на авиокомпанијата.
Под претпоставка дека еден дел од предметите претставуваат литиумски батерии, останува мистерија што се останатите предмети. Во Малезија Ерлајнс претходно наведоа дека со батериите имало полначи и друга „радио опрема“, но со оглед на разликите во бројките, се појавува сомнеж во вистинитоста на тие тврдења.
Од друга страна, познато е дека во авионот меѓу патниците имало 20 луѓе вработени во тексашка компанија која произведува високотехнолошки компоненти за системи за вооружување и авијација. Се појавија и теории кои токму таа група патници ја поврзуваат со споменатата „радио опрема“, која можеби би можела да биде искористена за „невидливо“ слетување на авионот на некоја неоткриена локација.