12-годишно дете се бори за живот – паднало од трети кат од зграда во Штип


Вчера во 22.10 часот од Клинички центар Штип во СВР Штип било пријавено дека кај нив било донесено повредено 12-годишно дете од Штип.

Детето се здобило со тешки телесни повреди при пад од трети кат од колективна зграда на ул. „Енгелсова“.

Поради сериозноста на повредите малолетникот бил пренесен во Ургентен центар Скопје за понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1