12 кривични за отпорот во Штип – и за кандидатот за градоначалник (Видео)


Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против лицата К.З. (52), К.Б. (44), О.Д. (24), П.С. (56), М.М. (34), Р.З. (50), Т.Н. (25), Ѓ.Г. (30), Ѓ.З. (30) П.З. (30), Ж.Д. (29) и Ј.Е. (33), a поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела: “спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.


stipp-Имено на 28 минатиот месец, околу 15.50 часот, горепријавените заедно со група на граѓани се собрале во непосредна близина на влезот на СВР – Штип со намера насилно да влезат во просториите на СВР Штип и да спречат обавување на информативен разговор со три лица, на кои претходно им е издадена покана за водење службен разговор.

Пријавените К.З. и К.Б., следени од останатите пријавени и група на граѓани се упатиле кон влезот на кругот на СВР Штип, каде истите најпрво биле предупредени од страна на УПС да застанат, но тие одбиле и се оглушиле на наредбите и при тоа со употреба на сила и туркање со раце, физички ги спречиле полициските службеници во вршењето на службено дејствие и продолжиле кон самиот влез на зградат на СВР – Штип.

Таму биле пресретнати од другите УПС, и повторно биле предупредени да застанат со цел да се спречи нивното заедничко насилно влегување во просториите на СВР Штип, но истите се оглушиле на наредбата на полициските службеници, соопштуваат од МВР.
Од МВР соопштуваат дека заради попречување на насилното влегување на пријавените со групата граѓани во зградата, од страна на командирот на ПС – Штип издадена е наредба за ангажирање на дополнителен број на полициски службеници, по што е формиран кордон со цел да се спречи насилното влегување на пријавените и останатите граѓани во зградата.

При примената на полициските овластувања, односно физичкото обезбедување, во неколку наврати во обид да го пробијат кордонот од страна на пријавените К.З., К.Б. , О.Д., П.С., М.М. и Р.З. со употреба на физичка сила и туркање со раце физички се нападнати полициските службеници, додека останатите пријавени, Т.Н., Ѓ.Г., Ѓ.З., П.З., Ж.Д. и Ј.Е., заедно со другите пријавени со употреба на сила, упатувајќи сериозни закани и навреди (“убијци, убијци“, “полициска, партиска држава“, “диктатори“, “ајде да се тепаме…“ и сл.) ги спречувале полициските службеници во вршењето на службените дејствија.

Со извршеното дејствие постои основано сомнение дека прво и второ пријавената К.З. и К.Б. како соизвршители сториле по едно кривично дело – “спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ по член 382 ст.3 в.в чл. 22 и по едно кривично дело – “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ по чл. 383 ст. 2 в.в со чл. 22 од КЗ на РМ, додека пак трето, четврто, петто и шесто пријавените О.Д., П.С., М.М., и Р.З. како соизвршители сториле по едно кривично дело – “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ по чл. 383 ст. 2 в.в чл. 22 од КЗ на РМ, а шесто, седмо, осмо, деветто, десетто, единаесто и дванаесто пријавените како соизвршители сториле кривично дело – “спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ по член 382 ст.3 в.в чл. 22 од КЗ на РМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1