Баба на 104 години од Струмица е најстарата која пие лекови во Македонија. Последен пат пред десетина дена во една струмичка аптека на нејзино име била подигната терапија за срце и притисок.
Ова било костатирано со проектот Мој термин од страна на одговорните лица во министерството за здравство. Според информациите на zdravstvo24.mk покрај струмичанката минатиот месец со е-рецептот биле регистрирани уште 12 жени над 100 години кои купуваат лекови. Ниту еден маж постар од 100 години не посетил аптека. Инаку дневно се издаваат од 50.000 до 110.000 електронски рецепти. Најмногу лекови пијат лицата на 50 годишна возраст.
Здравство24