12 вработени во МВР позитивни на коронавирус


Во МВР досега се регистрирани вкупно 12 случаи на заболени од вирусот Ковид-19.

Од министерството има 45 лица во самоизолација и 7 во изолација.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека за заштита на вработените од коронавирусот се преземаат сите неопходни мерки за нивна лична заштита, со соодветна заштитна опрема, а со цел безбедно извршување на работните задачи.

Изминатиов период беше извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај.

Исто така, според протоколите предвидени за вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за изолација и изјави за самоизолација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1