13 годишно девојче роди тројка во Санто Доминго, Доминиканската република. Таткото, 61 годишен е во бегство, затоа што властите се обидуваат да го тужат за сексуално злоставување на дете.
Локалните медиуми известуваат дека младата мајка е среќна, а синовите ќе се викаат Семјуел, Џошуа и Џовани. Децата се во инкубатор, затоа што се родени прерано.
Иако во оваа земја, сексот со помлади од 18 се смета за сексуално злоставување, има многу тинејџерски мајки. 15% од девојките помеѓу 15 и 19 години имаат деца. Секоја година, стотина девојки помлади од 15 години стануваат мајки.