13 – годишно девојче се самоубило бидејќи мајка и го забранила Фејсбукот


Адити Гупта, 13-годишно девојче се самоубило бидејќи неговата мајка и забранила да користи Фејсбук. 36-годишната мајка ѝ приговарала  дека премногу време поминувала на социјалната мрежа и по кратка кавга и и наредила да го исклучи нејзиниот профил до моментот кога таа ќе се врати дома од работа.

facebook-tugaМеѓутоа кога мајката се вратила дома, ја дочекала страшна ситуација, нејзината ќерка кренала рака на себе. Очајната мајка во полиција изјавла дека никогаш не помислила дека Адити ќе направи нешто толку страшно поради толку банална работа како што е  забраната да не се вклучува на социјланата мрежа.

– Кога заминував на работа, мојата ќерка седеше пред компјутерот. Бев бесна бидејќи поминуваше многу време на социјалната мрежа. И реков дека е премногу млада да виси на Фејсбук и да си го троши времето на тој начин – изјавила госпоѓата Гупта.
Ова случување ја разбранувало јавноста во Индија преиспитувајќи ја родителската одговорност и „губење“ на децата поради виртуелниот свет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1