13 годишно момче е херојот кој ги спаси децата во автобусот во Италија


За овој среќен крај придонесе 13-годишниот Реми Шехата кој извонредно се снашол во оваа ситуација и така им помогнал на своите соученици, објави ББЦ.

Возачот на училишен автобус кој во северна Италија во средата изутрината го запали возилото, но за среќа 51 дете на школска возраст кои биле во него минаа без сериозни повреди е уапсен и му се заканува обвинение за киднапирање и обид за масовно убиство.

За овој среќен крај придонесе 13-годишниот Реми Шехата кој извонредно се снашол во оваа ситуација и така им помогнал на своите соученици, објави ББЦ.

Имено, тој успеал да го скрие својот мобилен телефон, додека на сите други им биле одземени од автобусот да го повика својот татко. Се преправал дека се моли на арапски јазик, а всушност на татко му му зборувал за киднапирањето.

Полициските возила среќа го лоцирале автобусот и го принудиле да застане пред возачот да го запали, а кој веќе го полил возилото со бензин.

Инаку, семејството на момчето потекнува од Египет, а Реми е роден во Италија, но и до ден денес нема добиено италијанско државјанство.

„Мојот син ја исполни својата должност, би било убаво сега да добие италијанско државјанство. Би сакале да останеме во оваа земја“, рече таткото на Реми

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1