Девојка со својот автомобил влета во фризерница во скопската населба Карпош. Несреќата се случила денеска, нешто пред 14 часот, на улицата Гиго Михајловски, позади Симпо во Карпош 1. Младата девојка која управуваше со автомобилот вели дека претходно автомобил удрил во задниот дел од нејзиното возило, пишува Република.
Поради нејзиното неискуство и паниката таа свртела со воланот и завршила во локалната фризерница.
За среќа нема повредени во нереќата. Очевидците велат дека автомобилот кој удрил во фордот што завршил во фризерница се движел бавно. Ударот бил слаб, но паниката и неискуството си го направиле своето.
Повеќе фотографии на Република.