14 годишно девојче тешко повредено во железничка несреќа во Кичево


Четиринаесетгодишно девојче од Кичево денеска било тешко повредено во главата во несреќа која се случила во 8 часот на див железнички премин во градот, во близина на крстосницата на улиците „Влашки пат“ и „Ужичка република“.

До несреќата дошло кога помошно возило во сопственост на „Македонски железници“ удрило во девојчето, кое поради повредите било однесено во болница во Кичево, а потоа преупатено во Ургентниот центар во Скопје.

Увид на местото направил јавен обвинител и полициски службеници од Полициската станица Кичево.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски изјави дека ќе се истражуваат причните за железничката несреќа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1