149 деца хоспитализирани поради истекување „непознат опасен материјал“


Во болница во њујоршкото предградие Јонкерс синоќа се примени на набљудување 149 деца и осуммина возрасни.

Како што соопштија претставници на полицијата, мерката е преземена откако во училиштето истекол „непознат опасен материјал“.yonkerspict

Дел од учениците кои биле однесени во  болница се почувствувале лошо, а другите биле ставени под лекарско набљудување како превентивна мерка.

Петмина од лицата се пожарникари кои први пристигнале на местото, а нема повредени во овој случај.

Работниците од спасувачките служби се обидуваат да ја утврдат причината за тоа што се случило. Се претпоставува дека извор на истекувањето на материјалот бил училишната кантина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1