15 дена затвор за возење со голема брзина покрај училиште


Возачите во Србија, кои го пречекоруваат ограничувањето на брзината до 30 километри на час во периодот од 7 до 21 часот во близина на училиштата, може да бидат казнети до 15 дена затвор, голема парична казна и одземање на возачката дозвола за 14 месеци, објави весникот „Блиц“.

deca-630x472Сообраќајната полиција и Комитетот за безбедност на сообраќајот поставија голем број пунктови со радари, за следење на брзината на движење и со цел да се казнуваат возачите кои не ги почитуваат истите.

При брзина до 30 километри на час возачот има поголеми шанси да избегне несреќа и да не удри дете пешак, а детето има поголеми шанси да преживее доколку биде удрено од автомобил. Секое пречекорување на брзината во реоните околу училиштата ја намалува можноста да се избегне несреќа.

Изминатите 10 години има голем број несреќи во близина на училишта, поради што воведуваме ограничување на брзината на 30 километри на час, изјави Дамир Окановиќ од Комитетот за безбедност на сообраќајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1