Дуња.Б 15 годишна од Београд починала од здобиените повреди. Девојчето се фрлило од 3 спрат од терасата на нивниот стан.
При падот, Дуња паднала на автомобил и итно била пренесена во ургентниот центар. Автомобилот малку го ублажил падот и лекарите и нејзините родители се надевале дека ќе преживее, но во текот на ноќта таа им подлегнала на повредите.
,, имаше сериозни повреди на главата, цела ноќ беше на апарати за вештачко дишење. Сторивме се што можевме, но девојчето не успеа да се избори и почина,, изјавиле лекарите од ургентниот центар.
Дуња се фрлила од терасата по кавга дома со родителите откако дознале дека добила двојка по англиски.