Далечната 1776 година осум лица биле спасени од пустиот остров во Индискииот океан каде преживеале цели 15 години. Седум од нив биле жени, а осмиот преживеан било дете кое било родено на островот. Дури 240 години подоцна, археолозите ја откриле вистината за нивните искушенија.
Тим од Франција минал еден месец на островот Тромелин каде истражувале, а нивната експедицијата ја спонзорирал УНЕСКО. Целта на мисијата била да се открие вистината за скоро заборавената случка. Тие дошле до сознанија за човековата упорност, одлучноста да преживеат и да се организираат и покрај невозможните околности.
Прикзаната не враќа во јули 1761 година кога францускиот брод потонал во близина на островот Тремелин, во близина на Мадагаскар, а бродот бил полн со робови. Се удавиле околу 20 морнари, како и повеќе од 70 робови.
Групата од 60 тина луѓе пристигнала на Тремлин каде пронашле само пустош. По 6 месеци на островот, преживеаните морнари направиле импровизиран рафт и побегнале. Робовите биле оставени на островот. Најблиското копно било на 450 километри од нив. Морепловците им ветиле дека ќе се вратат по нив, но тоа никогаш не го исполниле.
И покрај тоа што биле напуштени, робовите не се предавале. Цели 15 години колку што биле на островот не се откажале од праќање димни сигнали, со надеж дека некој ќе ги забележи. Направиле и малу куќарки, а јаделе она што можеле да уловат, желки, птици и сл.
– Тие робови биле споени од несреќната судбина и морале да работат заедно за да се спасат. Пронајдовме докази за тоа како тие живееле и што јаделе. Ова е доказ за генијалноста на човечкиот инстинкт и желбата за преживување, изјавил Макс Жиру, лидерот на експедицијата.
Според информациите, морнарите кои ги напуштиле сакале да се вратат по робовите, но гувернерот на островот каде стигнале, кој исто така бил Французин, не сакал да праќа експедицијата по робови.
Како се спасиле
Во сплет на околности, 1776 еден морнар на насукал на нивниот остров. Заедно успеале да го оспособат неговиот брод па една група со него стигнала до островот Маурициус.
Останатите ги спасил капетанот Тромелин, чие име го носи тој остров до денес.