Една година и три месеци затвор за поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ кој во 2012 година прегази човек и избега. Кумановскиот суд пресуди, година дена за сторено тешко дело против безбедноста во сообраќајот и три месеци затвор за неукажување помош на повреден во сообраќајна несреќа.
Братот на сега покојниот Игор, Срѓан Лазаревски револтиран и разочаран од, како што вели, големата неправда што е нанесена на неговото семејство.
Лазаревски обвинува дека на последното рочиште е доведено вешто лице од Скопје кое, според него, примило поткуп па несовесно била искривена вистината околу сообраќајната несреќа.
Семејството Лазаревски ќе ја обжалат пресудата, а ќе бараат и материјално обештетување. Во април 2012 година, Срѓан Лазаревски беше прегазен во центарот на Куманово додека ноќе се враќал од работа. Случаен минувач го пронајде неколку часа по несреќата, уште десетина дена лежеше во кома, а потоа почина. Зад себе ја остави сопругата со две малолетни деца.