За да закажеш венчавка во општина треба да платиш 150 денари, а доколку си верник и сакаш да си ја испочитуваш верата и да се венчаш во црква треба да си го одврзеш ќесето. И тоа не е некоја симболична сума туку ни помалку ни повеќе безмалку 100 евра и тоа со еден поп. Додека свештеникот онака полн со божји глас ти вели дека 3 попа е подобро посвечано, попобожно чунки ?!?!?! а за побожното и посвеченото нормално и цената е повисока – што повеќе платиш поблиску си до бог излегува работава.
Од кога бог ги рекетира своите верници ??? па зар поповите не се тука за своите чеда?? Ајде да се плаќа нешто симболично – ајде ќе речеш потребно е одржување на црквите, плата за поповите бла бла – ама 100 евра бре за 15 мин ??? чист рекет. Што ако некој верник нема пари кутриот, не е вработен, нема плата – што тогаш? Нема право да се венча пред бог и во црква?? Само богатите ли може да се верници??
Црквите се изградени од верниците – пред неколку месеци на врата ми тропаа попови собираа прилози за изградба на една црква – кој верник нема да даде??? Дадов нормално и тоа не еднаш туку 3 пати, колку што попови ми тропнаа на врата.
Но еве ајде чинело одржувањето на црквите – па колку може да им се пари потребни.
Еве проста математика. Да не ги споменуваме воопшто крштевките и погребите и славите – еве само венчавките.. Во саботите и неделите нека има минимум по 3 венчавки дневно, еве нека не се повеќе, иако некогаш поповите ќе те претрчаат низ венчавката за 10 минути зошто чекаат надвор уште 3 невести.
Тоа се значи само за еден викенд 600 евра – само од венчавки. За еден месец 2400 евра – Да не споменам дека тоа не е единствениот трошок во црква – па имаш баци крст „оп“ остави парички. Родителите, младите срам е да остават под 500 денари гостите по 50/100.. 20 гости по 100 денарчиња оппп = ете уште скоро 50 евра плус.
Уште полошо е што кога ќе се јавиш да закажуваш се чуствуваш како да сака некој да те одере. Малтене се ценка со тебе за 1 или 3 попа. Ти викаш еден поп аман – тој ти вели ама знаете со 3 е посвечено. Е да де ама и посолено !!! и да не кажам дека цените се како на пазар .. во сите цркви различно ќе ти кажат. Тука се некаде со цените отприлика, ама некаде 10 евра поскапо некаде поевтинко. И распределбата различна – некаде делот на кумот и старосватот помал, некаде поголем – на кој како му дошло ??? а да не кажам дека за овие 100 евра фискална нема.. ама ајде греота да кажам верник сум..
И сега јас како верник се прашувам – дали воопшто да се венчам во црква?? Вера ми е, ќеиф ми е, ама не сакам никој да ме ограбува од друга страна. Ќе речеш ајде 100 евра кај биле кај не биле ама морам да прашам ЗОШТО БРЕ 100 ЕВРА – ЗА 15 МИНУТИ АМИН АМИН, ЗА РЕНТАЊЕ НА ЦРКВАТА ТИЕ 15 МИНУТИ – ЗА ШТО ГИ ДАВАМЕ ТИЕ ПАРИ ?????
Сакам да дадам завет пред мојот бог – а не да плаќам на машинерија … одам во црква или кај лихвар???? Писмо од читател