150 планинари заглавени во хотел Молика, патот завеан од снег


Околу 150 планинари од планинарското друштво „Лисец“ од Штип, придружувани од колеги од Србија и Бугарија, кои учествуваа во традиционалниот Февруарски поход, се пожалија дека останаа заглавени на Пелистер. Велат дека не можат да го напуштат хотелот „Молика“ зашто единствениот асфалтен пат кој води низ Пелистер и од каде треба да заминат, има наноси од снег и не е исчистен.

Планинарите викендов учествуваа во планинарскиот поход и хотелскиот аранжман им беше до 11 часот денес. Реагираат дека со часови чекаат да се расчисти патот за да можат да си заминат дома. Меѓу нив има и десетина деца, најмалите на возраст од седум години.

Директорот на „Македонија пат“ изјави дека уште утрово патот бил пробиен, но планинарите одлучиле да останат на ручек во хотелот. Во меѓувреме, вели тој, двата камиона и тракторот отишле да го чистат патот за Ниже Поле, а во заврнал нов снег. Сега се чистат новите наноси и очекува за половина до еден час патот да биде прооден.

Директорот на хотел „Молика“ Никола Каровски вели дека патот е веќе прооден и гостите го напуштиле хотелот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1