16 год дете се скрило кај тркалата на авионот – за чудо преживеал лет од 5 часа


Едно 16-годишно момче преживеа петчасовен лет од Kалифорнија до Хаваите, скриено во делот каде што се наоѓаат авионските тркала.

Претставник на авиокомпанијата „Хаваијан ерлајнс“ изјави дека екипажот дознал за „слепиот патник“ дури откако авионот слетал во Хонолулу.

trkala-avionЛекарите утврдиле дека момчето се наоѓа во „стабилна состојба“, иако авионот летал на височина од 12.000 метри и во услови на екстремно ниски температури. Лекарите веруваат дека најголем дел од петчасовниот лет, тинејџерот, чиј идентитет не е соопштен, бил без свест.

Во текот на сослушувањето тој на полицајците им рекол дека побегнал од дома и влетал во првиот авион што во тој момент полетувал од аеродромот во Сан Хозе, без да знае каде оди. Претставник на ФБИ изјави дека е „вистинско чудо како момчето го преживеало летот“ патувајќи во тој дел од авионот.

Kога авионот слетал на Хаваите, момчето вешто скокнало од авионот и до откривањето се криело на аеродромската писта.

Од 1947 година, од кога се бележат ваквите инциденти во авионскиот сообраќај, само во САД се регистрирани околу 100 „слепи патници“ кои патувале скриени во делот кај тркалата на авионите. Само 23 од нив успеале да го преживеат летот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1